Во Центар пристигнуваат барокните сендвичари и трафики
Во центарот на Скопје наскоро ќе бидат поставени стилизираните сендвичарници со антички столбови во архитектонскиот стил на „Скопје 2014“.
Министерството за транспорт и врски, на вчерашната лицитација, од вкупно шест, успеа да продаде три парцели со површина од по 8 метри квадратни. Парцелата на улица Македонија, до спомен куќата на Мајка Тереза, ја доби Селим Муше за 391.003 денари за метар квадратен, додека пак, парцелата на кејот на Вардар до хотелот „Холидеј Ин“ Муше ја добил за 330.800 за метае квадратен.
Фирмата Супрема ДОО ја доби парвелата во паркот Жена-Борец спроти „Соравија“, за сума од 6.600 денари за метар квадратен. По потпишувањето на овие договори, во буџетот ќе се слеат 5.827.224 денари или околу 95 илјади евра.
Последните измени ма ДУП „Мал Ринг“ предвидуваат во центарот на Скопје да никнат дури 20 стилизирани сендвичарници, трафики и други објекти кои треба да ги заменат постоечките киосци.