Автогoл на Заев: Латас ги загубил тужбите за кои го обвинуваше Заев!
Заев неколкупати посочи дека поседува разговори и од новинари, а денес како што кажа објави н разговор со уредникот на телевизија Сител, Драган Павловиќ-Латас.
Имено, Заев посочи дека новинарот Латас обавил телефонски разговор кој се однесувал на судската власт и обвини дека на новинарот му успева да ги добие сите судски процеси.
За волја на вистината, Латас ги загубил сите судски процеси за кои Заев го обвинува дека ги фабрикувал.
Од СДСМ денес обвинија дека Латас директно кај сопругата на тогашниот министер за правда, Михајло Маневски, судијка од апелациониот суд Филимена Маневска, интервенира апелација да суди во негова полза. Како што обвини Заев, Маневска се нафатила да помогне.
Латас во меѓувреме ги загубил, односно никогаш не ги добил судските спорови кои се содржина на разговорот со судијката.
Судијка во апелација, како што дознаваме, била Мирјана Дуковска, баба на Јован Деспотовски, од Извршниот одбор на СДСМ.
Од три случаи, кој биле кај неа во апелацискиот суд во сите три се преиначени првостепените пресуди и тоа во полза на лица кој што се блиски до СДСМ.
Ова укажува на две работи, или Заев објавува монтирани и невистинити материјали или несмасно, Заев сакајќи да наштети на новинарот, откри друга афера, односно дека судика блиска до СДСМ свесно интервенирала новинарот да ги изгуби тужбите.
Инаку за потсетување, кога станува збор за судската власт, СДСМ кога раководеше со владата во еден ден се избраа 617 судии, без присуство на опозиција.
Низа примери од минатото ја поажуваат недемократија во опозициските редови и за тоа како Заев и СДСМ би ја практикувале власта кога ќе стигнат до неа. Кон крајот на 2010 година, Заев на трибина во Валандово беше снимен во партиско-канибалистички напад. Најави партиски вработувања кога ќе дојдат на власт и тоа до ниво на братучеди на членовите на СДСМ. Ќе имало масовни отпуштања во државна администрација, а ќе јаделе живи луѓе кога ќе дојдат на власт.
„Почитувани социјалдемократи, ако ве прашаат што со пренатрупаната државна администрација од ВМРО-ДПМНЕ, да им кажете дека Заев беше во Валандово и рече дека ќе ги бркаме од работа. Тие тоа треба да го знаат. Свесни сме дека ако сакаме да бидеме на власт, треба да влеземе тимски, од хигиеничар до министер во секој ресор во државата и така имаме намера да ја водиме Македонија."
Вака тогашниот потпретседателот на СДСМ, а сегашен лидер, се обрати на собир со сопартијците и најави каква ќе биде политиката за вработувања на социјалдемократите доколку некогаш се вратат на власт. Заев тврдеше дека партијата ќе вработува свои луѓе за сметка на оние вработени додека на власт била ВМРО-ДПМНЕ.
- Велат вие сте меки луѓе. Вие заборавате и кога ќе дојдете на власт, ќе бидете истите. Живи луѓе има да јадеме после тоа! Новиот концепт којшто се повеќе ќе го слушате и којшто ќе значи целосно намалување и кастрење на администрацијата од една страна, ќе значи отварање на наши работни места за нашите луѓе. Ако сме успеале сето ова време сите наши активисти да ги згрижиме со минимум по еден член од нивното семејство, сега преминавме во фаза да ги згрижиме нивните братучеди, рече Заев.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа