Пријавување дополнителни приходи за 2014 година до 15 март
Граѓаните кои во текот на минатата година оствариле дополнителен приход, до 15 март треба да поднесат Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи.
Годишна даночна пријава поднесуваат граѓаните кои покрај плата или пензија оствариле и приходи од капитални добивки, од издавање под закуп на станбен објект (кирија) или хонорар по основ на авторски договор, ако учествувале во наградна игра и оствариле добивка над 5.000 денари, ако имаат примања од странство, работно се ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација.
Граѓаните може да поднесат Годишна даночна пријава до дирекциите на УЈП, во отворените даночни шалтери, како и електронски.
Mинатата година беа поднесени околу 180.000 годишни даночни пријави.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа