Момче од Скопје спасило жена и дете од пожар
Доцна попладнево момче успеало да спречи пожар во скопската наслеба Козле и да ја спаси сопственичката на станот и нејзиното дете. Како што јавува Плусинфо, Дино Радончиќ во бил во локалниот фитнес клуб кога една жена влегла внатре и побарала помош, објаснувајќи дека нејзиниот стан е во пламен и дека нема кој да и помогне. Дино не размислувал многу, го зел противпожарниот апарат и истрчал во станот. За кратко време успеал да го изгасне разгорениот оган и да спречи огнената стихија да се прошири на останатите делови од зградата. Кога пристигнала противпожарната служба, Дино веќе го имал пожарот под контрола и успеал да ги спаси жената и нејзиното дете.
Плусинфо објавува дека станбениот објект е осигурен и дека осигурителната комапнија ќе ја надмосети настанатата материјална штета.
ФОТО: Плусинфо