Зоран Талер ќе лежи две ипол години во затвор

Поранешниот словенечки министер за надворешни работи Зоран Талер кој во Европскиот парламент беше и известувач за Македонија, е осуден на затворска казна поради корупција.

Тој во четвртокот беше осуден на затворска казна во траење од две години и шест месеци, како и парична казна поради корупција додека бил пратеник во Европскиот парламент. Талер падна во замката на англискиот „Сандеј тајмс“, чии новинари се претставиле како лобисти кои за награда од 100 илјади евра побарале да влијае врз усвојување на закон во Европскиот парламент.

„Формално со тој договор ја признавам вината“, изјавил Талер, кој казната од 15 илјади евра ќе ја плати во корист на Педијатриската клиника во Љубљана. Талер пет години нема да има право да се вработи во некоја јавна служба. „Пред две години и покрај тоа што се противев бев втурнат во шоуто на „Сандеј тајмс“ во сопственост на Мердок, а со овој договор доброволно ќе излезам од тоа шоу“, истакнал Талер, пренесе ДОјче Веле.

Во замката паднаа уште тројца пратеници.

 

 

Оцени ја веста

22.02.2015 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега