Трудница починала по царски рез - лекарите велат дека маестрално одработиле

Цели три месеци Соња Миладиновиќ од Чуприја, Србија се борела за живот по тешкото породување со царски рез кое и било направено во локалната гинеколошка болница. Иако успеала да го роди своето трето дете Лена, лекарите не успеале да и го спасат животот. Таа починала пред 4 дена на урегнетната клиника во Белград.

Нејзината тажна приказна започнала на 17 ноември кога дошла да се пораѓа во болницата во својот град. И третото како и претходните две деца го раѓала со царски рез. Но операцијата се искомплицирала. Лекарите морале да и ја извадат и матката и јајниците поради внатрешно крварење. Но проблемите не завршиле. Уште наредниот ден таа добила инфекција по што била префрлена како итен случај во Белград. Во период од 3 месеци, лекарите и направиле десетина операции за санирање на внатрешните рани, реконструкција на цревата и бешиката. Во два наврати била во клиничка смрт и по што ја реанимирале, но на крајот, не успеале да и го спасат животот.
Докторскиот тим во Белград за смртта директно ги обвинува своите колеги во Чуприја поарди бројни лекарски грешки. Тие пак се правдаат дека работеле маестрално.
Сопругот на починатата жена најавува тужба. Тој вели дека таа починала од сепса.

 

36 годишната Соња Миладиновиќ покрај 3 месечната ќерка и сопругот ги остави и своите синови на возраст од 5 и 13 години

 

 

Оцени ја веста

22.02.2015 - 21:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега