Конечно добра вест: Нафтата поевтинува
По вчерашниот благ раст, цените на нафтата денеска паднаа на светските берзи, како резултат на прогнозите за зголемување на глобалните резерви на енергенсот.
Американската „лесна“ нафта за испорака во април на интернет трансакциите пред отворањето на Њујоршката берза, поевтини за 29 центи на 49,16 долари за барел.
Во исто време, на Берзата во Лондон, цената на северноморската нафта „брент“ за априлска достава, претпаладнево се намали за 17 центи на 58,73 долари за барел.
Ваквото поевтинување на нафтата доаѓа во пресрет на утрешното објавување на извештајот за нивото на залихите на енергенсот во САД и откако агенцијата Блумберг објави прогноза дека американските резерви минатата недела се зголемиле за 3,75 милиони барели.
Залихите на нафта во САД се на рекордно ниво за овој период од годината, што влијае на одржување на ниските цени на енергенсот.
Од јуни минатата година, па досега, цените на нафтата на светките берзи се намалија за околу 60 поценти, како резултат на зголемените нафтени залихи, слабоста на глобалната економија и силниот долар.
Аналитчарите проценуваат дека турболенциите и неизвесноста на пазарите на нафта ќе продолжат и во наредниот период.
Сепак, ова намалување нема да придонесе за пад на малопродажните цени во Македонија во следната пресметка која Регулаторите треба да ја изготват за две недели. Просечната цена врз која се формираше малопродажната цена во Македонија во изминатите две недели изнесуваше 58,5 долари за барел, а сегашната цена од 58,7 е за малку повисока. Доколку во наредните две недели, цената падне под ова ниво, тогаш можеме да очекуваме и поевтинување на горивата во земјава.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа