Протест вo Приштина поради договорот со Србија
Активисти на косовското движење „Самоопределување“ синоќа во Приштина организираа протест против одлуката на владата во косовскиот парламент да го испрати на ратификација бриселскиот договор меѓу Белград и Приштина.
Активистите пред зградата на косовската влада поставија натпис „Спогодба со Србија“ и го запалија.
Претседателот на „Самоопределување“ за Приштина, Берат Љаху изјави дека акцијата имала за цел да се покаже отпорот кон спогодбата, потпишана на 19 април во Брисел, со мотивот дека таа ги озаконува паралелните структури во северно Косово и ги амнестира извршителите на криминалот.
Лидерот на „Самоопределување“, Албин Курти, на прес конференција изјави дека спогодбата е навреда на Косово и ги повика граѓаните да излезат на протести за да се спротивстават на документот и неговата ратификација во парламентот.
ФОТО: А1.он