Договор за концесија за локалитетот „Казандол“
Во Министерството за економија денеска ќе биде потпишан договорот за доделување концесија за експлоатација на бакар, злато и сребро на локалитетот „Казандол“ во општините Валандово, Богданци и Дојран.
Договорот ќе го потпишат министерот за економија Беким Незири и претставници на Друштвото за експлоатација, преработка и производство „Сарич МЦ ДООЕЛ увоз – извоз“ Скопје.
Покрај реализација на планираната англиско-украинска инвестиција, ќе биде промовиран и нов начин на вадење руда со напредна технологија, во затворен систем, што овозможува заштита на животната средина.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа