Фотографијата ја чинеше живот - детали за смртта на младата пејачка

Амила Хасановиќ младата учесничка на "Звезда можеш бити ти", неодамна го загуби животот во страшна сообраќајна несреќа, откако со својот автомобил падна во вода.

Помина скоро еден месец од трагедијата, а таткото на босанската пејачка, сеуште ги бара причините поради кои денеска неговата ќерка не е жива.

- Ме молеше заедно да откриеме кој и ја подметнал спорната фотографија. Се колнеше дека е лажна и дека некој сака да ја прекине нејзината врска. Вознемирена замина од дома, и наместо да ја дочекам со насмевка на лицето, таа замина во смрт...Ни остана бескрајна болка и тага...живееме со пола срце, вели таткото скршен од болка.

Тој додава дека нивното дете било морално и воспитано и сите лажни приказни многу ја погодиле. 

- Молеше за помош, беше под стрес, а тоа ја чинеше живот, вели таткото на Амила.

За потсетување, младата пејачка загина откако со својот автомобил поло падна во река.

 

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега