Му донеле леш во мртовечница, а потоа следувало вистински шок

Мате Р. е момче кое работи и студира, како и многу негови врсници. Но овој 20 - годишник има необична професија, тој ги бања телата на мртовците во една болница во Загреб.

Оваа работа не може да ја работи секој, тој ја опишува како најнормална работа, но раскажува еден случај кој буквално му го скратил животот.

Немилиот настан се случил една ноќ додека тој бил на дежурство. Во мртовечницата било донесено тело директно од операциона сала. Се работело за 80 - годишна баба која имала инфаркт, но и покрај обидите на докторите срцето престанало да работи, по што е прогласена за мртва.

- Ние не знаеме многу за пациентите, кога ги носат кај нас стои само нивното име и годината на раѓање. Вечерта го примив лешот во мртовечницата, а кога се свртев да ги ставам ракавиците се померија нозете, а потоа почна да мрда со прстите. Се приближив и го тргнав белиот чаршав а тогаш ме погледнаа нејзините избезумени очи, раскажувал Мате.

Тоа беше најстрашниот момент во мојот живот, најголемиот хорор, Накратко се онесвестив,а бабата беше вратена на реанимација.

На крајот се дознало дека за време на операцијата срцето на бабата престанало да отчукува и паднала во длабока кома, но по 10 часа таа се пробудила

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега