Маж починал додека чекал во македонското Министерство за здравство

Околу 14 часот во просториите на Министерството за здравство му се слошило на надворешно лице (странка), по што веднаш била повикана екипа на Итната медицинска помош.

Од Здравствен Дом Скопје информираат дека повикот е примен во 14 часот и 5 минути, по што Итната помош веднаш пристигнала на местото на настанот. Веднаш откако му се слошило на лицето, вработени доктори од Министерството за здравство започнале со реанимација. Покрај Итната медицинска помош, веднаш се повикани специјалисти од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување од Клиничкиот центар во Скопје.

За жал, и покрај повеќето обиди за реанимација, лицето починало. За немилиот настан е известено семејството на сега починатиот, како и надлежните институции на системот.

Министерството за здравство изразува сочувство до семејството на починатиот.

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега