Го продал малолетното девојчето за печено прасе

40- годишниот Зоран Новаковиќ- Ќорави е осуден пред Вишиот суд во Панчево на само шест години затвор поради мачење и продажба на малолетната Д.П.

Дури по изрекувањето на пресудата, на која тој има право на жалба, откриени се страотните настани низ кои поминало девојчето.

-Новаковиќ Д.П. ја запознал како девојка на својот син. Ја искористил зошто била штитеничка на Центарот за социјални работи. И го одзел телефонот и личната карта, која ја имала како малолетничка. И се заканувал дека ќе ја тепа со чекан и убие доколку не го послуша и не се проституира за него. Девојчето плачело, молело да ја пушти да се врати во Домот, но тој бил бескомпромисен. Теророт траел со денови.

Новаковиќ на девојчето му давал презервативи, го оставал на блиската бензинска и ја надледувал од автомобилот.

-Во текот на вечерта дошол до девојчето, кое му повторувало дека не може повеќе да заработи и дека е исцрпена и уморна. Тој бесно и ги одзел од торбичката 10.000 динари, кои ги заработила од 5 муштерии. Потоа ја враќал во куќата што ја изнајмил и таму да држел затворена - велат од одвинителството.

Новаковиќ бил бесен поради нејзината слаба заработка. Ја фрлал на креветот и ја изгладнувал. Не и давал ниту вода. Ја држел заробена во куќа каде условите биле неподносливи и нехумани.

-Бидејќи бил незадоволен од заработката одлучил да ја продаде. Ја однел во Нови Сад кај роднината Кристина Д. Таа не можела да го ожени синот и сакала од Новаковиќ да го купи девојчето. Се договориле девојчето да остане, а Новаковиќ за неа да добие 100 евра. Но бидејќи немала пари, се договориле девојчето да го продаде за печено прасе. И рекол на роднината на девојчето да не му ги враќа документите и да не ја пушта никаде - откриваат од обвинителството.

Сепак целиот случај дошол до полицијата кога Кристина Д. дознала што се Новаковиќ правел со девојчето.

-Се пријавија во полиција. Новаковиќ е уапсен, а Вишиот суд донесе првостепена пресуда, велат од обвинителството.

 

 

Оцени ја веста

28.02.2015 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега