УЈП влезе во обложувалници во Струга, Кичево, Дебар и Центар Жупа

При координирана акција на СВР - Охрид и УЈП синоќа е изршена контрола на дваесет обложувалници во Струга, Кичево, Дебар и Центар Жупа, при што кај пет објекти се констатирани прекршоци, односно активности спротивни на одредбите од Законот за игри на среќа и забавни игри.

СВР Охрид соопшти дека една обложувалница во Центар Жупа и две во кичевските села Зајас и Грешница приредувале игри на среќа без лиценца, односно без дозвола од надлежен орган. Во обложувалницата во општината Центар Жупа одземени се пет телевизори, два компјутери, печатач, 4.548 денари и друга опрема, од обложувалница во селото Зајас одземени се два телевизори, два компјутери, печатач, 1.880 денари и друга опрема, а во селото Грешница одземени се два телевизори, два компјутери и три печатачи. При контрола во обложувалница во селото Зајас констатирано е дека обавува дејност без регистрирана фирма, за што се изречени глоби врз основа на Законот за регулирање на готовински промет.

Неправилности, според СВР Охрид, констатирани се и во обложувалници во струшките села Подгорци и Долно Татеши каде поради немање фискален апарат една обложувалница е затворена до 30 дена.

Согласно Законот за игри на среќа и забавните игри против правните лица каде се констатирани неправилности, ќе бидат и поднесени кривични пријави. 

 

 

Оцени ја веста

28.02.2015 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега