Екстра маслинов отров - маслото во продавниците не е за човечка исхрана

Не можам да зборувам за кој масла станува збор, но ниту едно не го има задвоолено законот за пропишани услови. Прашајте се подобро дали вашето маслиново масло, содржи ГМО масло од соја, кое во голем број на случаи е откриено во американските масла!

Сте испазариле минатиот петок плава риба, сте ја подготвиле скарата, и бидејќи немате масло, сте тркнале до првата продавница или пазар да купите боца маслиново масло. Изборот се разбира не е еден, а не ви паѓа на памет, да рибата, ја уништите со лошо масло, па го набавувате она на чија декларација јасно пишува „екстра маслиново“.

Се враќате задоволни, сосема несвесни дека тоа што во ќесата го носите, многу веројатно не е е екстра, а богами не е ниту маслиново.

Барем ако верувате на зборовите, а нема причина да тоа не го направиме, на Недељко Фистониќ, претседател на здружението на маслинари „Паичуш“, кое веќе девет години ја доделува наградата за најдобро маслиново масло.

Една од категориите е и најдобро „екстра маслиново масло во продавниците“, награда која оваа година не е доделена, затоа што, верувале или не, ниту едно масло од полиците не ги има задоволено критериумите за екстра маслиново. Иако сите по ред имаа таква декларација.

„Не можам да говорам за кое масло станува збор, но знаковито е дека ниту едно не ги задоволи законските услови. Маслинарската година беше многу лоша, но вакво нешто не очекувавме. За споредба, минатата година апсолутно сите масла кои сме ги третирале биле уредно декларирани“, изјави Фистониќ.

Анализата за квалитетно масло е објавена во лабораторија на Заводот за јавно здравство Сплит, од каде не можеа да потврдат за кој произведувач станува збор.

Да, работевме на анализата за „Паичуш“, но во нашата лабораторија сите примероци пристигнуваат под шифра, и не знаеме за кое од маслата станува збор“, вели Златка Кнезовиќ, водителката од Одделот за хемиско испитување на храната и предметите за општа употреба.

Поради климатските услови, како и големите напади на штетниците, квалитетот на годинашните масла е значително ослабено. Анализиравме голем број на примероци, кои ги донесоа произведувачите, како и потрошувачите кои сакаа да го проверат квалитетот на купениот производ.
Голем број на годишни масла кои се доставени во нашите лаборатории, имаа слободна масна киселина повеќе од два пато од дозволеното, што ги става во категоријата на храна која не е погодна за човечка исхрана“, истакнува Кнезовиќ.

За тоа колку лоша година е за маслинарите, особено за оние од јужна и средна Далмација, најдобро демонстрира податокот да во одредени примероци се бележат одделени масни киселини, повеќе од 25%!

Такви проценти не паметиме. Тоа не е храна непогодна за исхрана туку можеме да речеме дури и дека се работи за отров“, вели Фистониќ.

Од Заводот ни е потврдено како во нивната лабораторија од 2011 година се прави редовен мониторинг во округот, поради превенција и заштита на здравјето, кој покажал дека проблематични не се само маслата од полиците во продавниците (чиј квалитет го контролира Министерството за земјоделие) туку и голем број на масла од домашно производство кои ќе ги најчесто ќе ги најдете на локаните пазари или во угостителските објекти.

Од 2011 до 2014 година во текот на окружниот мониторинг биле анализирани 270 примероци на масла од плод на маслинки кои се земени на пазарите и од угостителските објекти, од кои 45% од примероците не ги задоволило прописите. Причините за нескладноста најчесто се параметри кои упатуваат на оксидација на промените односно мешање со рафинираното масло“, вели Кнезовиќ.

Така што, кога и да одлучите да набавите масло за сината риба, за онаа од почетокот на приказната – дали од локален трговецили големи пазари, бидете сигурни што купувате. Речиси половина од маслата од околните угостителски објекти и локални пазари се погрешно декларирани, додека ни потврдија од Министерството за земјоделие, состојбата на полиците во продавниците е далеку полоша. Имено резултатите од редовниот мониторинг кој во 2014 година, го има спроведено Министерството, велат дека дури 60% од боците на „екстра маслиново масло“ не го има она што на декларацијата го пишува. Поевтиното ГМО сојно масло (95% од соја во светот е ГМО) се меша со маслиново масло, и така се лажат граѓаните!

Кој е одговорен за ваквите катастрофални резултати! Зависи кого прашувате. Едни вината ќе ја стават на произведувачите, други на увозниците, а трети на лошата година. Но, кој и да е главниот виновник, сосема е јасно дека Министерството мора да вложи дополнителен напор при контролата на квалитетот на маслото и да ги заштити потрошувачите. Многу посилни од моменталниот мониторинг, кој во моментов анализира околу осум тони масло кое завршува на полиците во продавниците, а од кои се тестираат во просек по 10 боци.

 

 

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега