ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата тврди дека е прислушувана, а не е објавен ниеден нивен разговор

 

ВМРО-ДПМНЕ во денешното пишано соопштение го повикува Стево Пендаровски следниот пат кога ќе оди во Јавното обвинителство да каже како ги прибавил Зоран Заев прислушуваните разговори, со која странска служба соработувал и да објасни што странските тајни служби очекуваат за возврат?

- Ова се прашањата кои јавноста ги очекува од СДСМ за сценариото кое го готват Заев, Верушевски, нивните соработници и странската служба, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ се разобличени и само со вакви паради го прикриваат скандалот во кој се заплеткаа Заев и нивното раководство.

- Јавноста веќе оправдано се прашува како може цела опозиција да тврди дека е прислушувана, а да не излезе во јавност ниеден нивни разговор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Посочуваат дека СДСМ на изборите изгубија со над 200 илјади разлика и дека граѓаните јасно се определија за концептот базиран на работа и проекти, наместо за деструктивната политика на СДСМ за креирање кризи и држење во заложништво на граѓаните и државата.

- Ова е проѕирен обид за алиби за нивниот неуспех. Пендаровски очигледно ја научил добро школата на Бранко Црвенковски полна со интриги во која еден од професорите сигурно беше и Зоран Верушевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега