Нови работни места: Странски експерти и натаму ќе им помагаат на домашните компании

 

Владата на Република Македонија продолжува со втор циклус за ангажирање на странски експерти за потребите на домашните компании. За ова денеска информираше владиниот потпарол Александар Ѓорѓиев.

Утре ќе биде објавен јавен повик, а компаниите имаат рок од 45 дена да се пријават и да аплицираат. Овој втор циклус ќе донесе позитивни ефекти за македонската економија, отворање на нови пазари за компаниите, подобрување на деловниот перформанс, поголем профит, но и отворање на нови работни места.

Овојпат огласот се однесува за малите и средни претпријатија, односно ќе можат да аплицираат компании кои имаат од 5-250 вработени, постојат најмалку 2 години и имаат 51 процент домашен капитал, нагласи Ѓорѓиев и додаде дека компаниите кои имаат интерес за ангажирање на странски експерти ќе бидат ослободени од плаќање на најголем дел од трошоците односно дневниците за експертот и трошоците за транспорт од европската земја од која доаѓа експертот до Македонија и назад.

За потенцирање е и дека 87 проценти од компаниите истакнале дека како резултат на работата со странските експерти отвориле нови работни места.

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега