Трговскиот дефицит намален за 55 проценти
Трговскиот дефицит во јануари 2015 изнесува 86,6 милиони долари, што е за 55 проценти помалку во однос на 2014 кога трговскиот дефицит изнесувал 192,6 милиони долари
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во јануари 2015 година изнесува 335 696 илјади САД долари, а на увозот 422 360 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 79.5%. Трговскиот дефицит, во јануари 2015 година, изнесува 86 664 илјади САД долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и другите метали од платинската група и нивните легури, необработени или во облик на прав.
Во јануари 2015 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 28 (80.1%) и земјите од Западен Балкан (8.4%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 28 (64.6%) и Останати земји, на друго место неспомнати (11.2%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Бугарија, Кина и Србија (55.3% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа