Во април ќе почне обновата на десет железнички станици

 

Од почетокот на април ќе почне реконструкцијата на Железничката станица во Велес и на уште девет во земјава долж Коридорот 10. За ова денеска информираше  министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Одговарајќи на новинарски прашања по доделувањето решенија за легализација за бесправно изградени објекти рече дека рокот за реконструкција на десетте железнички станици е една година.

- Некои ќе бидат готови порано некои подоцна, а во зависност од тоа што е придвидено за самата градба, односно реконструкција. Градежната компанија е избрана и очекувам надзорот на градба да биде избран во текот на март, истакна Јанакиески. 

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега