Засилениот извоз од зоните и евтината нафта го стопија трговскиот дефицит во јануари
Засилениот извоз и евтинатата нафта го преполовија трговскиот дефицит во јануари. Намален е за 55% во однос на истиот месец лани и изнесува 86,6 милиони долари. Со тоа покриеноста на увозот со извозот е значително зголемена на 79,5%, пренесува Економски.мк.
Јануари беше месец со најголем пад на цената на суровата нафта и горивата кои се и најголема ставка во увозот. Од друга страна извозот е во пораст за 4,8% со значителен скок кај технолошко индустриските зони. Од нив во јануари се извезле над 100 милиони долари што е за 35% повеќе од истиот месец лани. Од друга страна, увозот во тој период пораснал за само 1%.
– Овие бројки придонесуваат кон зголемувањето на покриеноста на увозот со извоз која се рефлеткира и на вкупните бројки за Македонија. Лани овие компани имаа позитивен придонес кон намалување на трговскиот дефицит така што секоја година како што доаѓаат нови, а постојните компаниите го зголемуваат и оптимизираат производството ќе имаме зголемена контрибуција која директно ќе го подобри трговскиот баланс на Македонија, вели Виктор Мизо, директор на ТИРЗ.
Катализаторите и сетовите на проводници за палење на возила, бродови и авиони влегуваат во петте производи со најголемо учество во извозот. Во оваа петорка спаѓаат и фероникелот, производите од железо и челик и облеката.
Најувезувани се нафтените масла, легурите на платина и други метали кои се користат во Џонсон Мети и струјата.
Во јануари 80 проценти од извозот вреден 335 милиони долари завршил во земји од Европата унија. Од таму пак дошле 60 отсто од увозот, вреден 422 милиони, дошол. Половина од сета трговија е со Германија, Велика Британија, Бугарија, Кина и Србија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа