ВМРО-ДПМНЕ: Заев продлжи да објавува креирани материјали добиени од странска разузнавачка служба

 

ВМРО - ДПМНЕ во пишана реакција обвини дека лидерот на СДСМ Зоран Заев продолжил со емитување на креиран материјал, кој го добил во соработка со странска разузнавачка служба.

- Иако постојат признанија дека нелегално се вршело прислушкувањето, за што едно лице веќе е осудено на казна затвор, Заев и неговите поддржувачи и понатаму се обидуваат да ја изманипулираат јавноста дека креираните материјали ги добиле од патриоти, а не од измамници и соработници на странска разузнавачка служба, кои во целост ја признанаа вината, се вели во реакцијата.

Заев, како што е наведено, сака да ја убеди јавноста дека изборните процеси не биле регуларни и дека стотиците илјади граѓани кои гласале по свое убедување за ВМРО-ДПМНЕ всушност не гласале или гласале вон својата волја.

- Но секој граѓанин кој гласал за ВМРО-ДПМНЕ и за коалицијата „За подобра Македонија“ многу добро знае дали гласал и зошто гласал. Секој гласач на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нека се потсети дали гласал заради причините со кои денес не обвини Заев или заради политиките на партијата, делата што се направија, фабриките кои се отворија, 120 илјади нови работни места, новите патишта, болници, опреми, училишта, зголемените пензии, социјални помошти, плати во јавниот сектор, поддршка на земјоделецот и макотрпна работа на владиниот тим предводен од ВМРО-ДПМНЕ, стои во партиската реакција.

ВМРО - ДПМНЕ го потсетува Заев дека тој и неговата партија ги признале поразите и волјата на граѓаните на изборите во 2011 и во 2013 година.

- Додека Заев сака да создаде слика дека некој му ги украл изборите во 2014 година, да го потсетиме на неговите изјави во кој во повеќе наврати призна дека и да не биле слабостите за кој тој не обвинува, изборите ќе ги добиеше ВМРО-ДПМНЕ, ама тоа ќе било со помала разлика, се вели во рекацијата на ВМРО - ДПМНЕ.

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега