ЕВН решена да се ослободи од крадците на струја
ЕВН Македонија ќе ги интензивира контролите на мерните места и исклучувањата на корисниците кои навреме не ги платиле сметките за потрошена електрична енергија. За време на летниот период нема да се намалат активностите, туку напротив ќе се зголемат и екипите ќе бидат постојано на терен со цел да се откријат кражбите и да се опоменат корисниците кои подолг период не платиле за потрошената еклектрична енергија.
Во последните 6 месеци ЕВН Македонија откри 1000 кражби на електрична енергија. Крадците потрошиле 16 милони kWhелектрична енергија или направиле штета од 113 милони денари или приближно 1 милон и 800 илјади евра. Државата е оштетена за процентот кој не се плаќа по основа на данокот, но последиците од кражбните најмногу ги чуствуваат корисниците и дистрибутивниот систем.
Местата каде што се случуваат кражбите често се потенцијална опасност и за тие кои ја крадат енергијата и за соседите и околината. Нестручното и недозволено делување околу броилата често предизвикува пожари. За кражбите на електрична енерегија покрај високите парични казни предвидени се и затворски казни во траење до 5 години.
Препорака до корисниците е да не извршуваат никакви неовластени дејствија околу броилата бидејќи софистицираната опрема за откривањe на кражбите, асистенцијата на полицијата и судските вешти лица го комплетираат процесот за лесно откривање и санкционирање на кражбите на електрична енергија.
Корисниците пак кои имаат долг кон ЕВН Македонија треба навреме да го сервисираат, во спротивно кај сите вакви случаи ќе биде применета мерката исклучување како предпоследен законски механизам за наплата. По ова судот и извршителите ќе ја извршуваат наплатат на средствата за потрошена електрична енергија. Апелираме до корисниците да ги искористат сите начини кои ги нуди ЕВН Македонија за плаќање на сметките во рок, со што ќе ги избегнат судските рочишта и присилната наплата од извршителите.