Цената на становите намалена за 0,7 проценти
Просечната цена на метар квадратен станбена површина во 2014 година изнесувала 46.505 денари, без пресметан ДДВ, што е за 0,7 проценти помалку во однос на цената во 2013, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во Скопје метар квадратен станбена површина лани се продавал по 53.878 денари, односно за 1,8 проценти помалку во споредба со 2013 година. Во останатите населени места во државата просечната цена во 2014. е 33.505 денари, или за 14,7 проценти помалку во споредба со 2013.
Во втората половина во однос на првата половина од 2014 година цената на метар квадратен станбена површина е намалена за 8,4 проценти, а во Скопје намалувањето изнесува 3,4 проценти.
Просечни цени за метар квадратен станбена површина што ги објавува Државниот завод за статистика се без данок на додадена вредност.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа