Трагедија: Воз прегази 12 - годишно девојче
На пругата Белград - Бар денеска настрада дванаесетгодишно девојче, чиј идентитет не е соопштен.
Според сведочењето на очевидците, девојчето се движело по пругата, па ја удрил патнички воз. Во тек е увид на Криминалистичката полиција.
Ќе биде направена обдукција, а понатамошната истрага на правосудните органи ќе ги утврди околностите по кои дошло до несреќата.
Возовите не сообраќале на пругата Белград - Бар речиси десет месеци, од 14. мај 2014, каде по поплавата трасата била оштетена на неколку места. Сообраќајот е обновен на 5.март.
Оцени ја веста
11.03.2015 - 15:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа