Мртов маж фрлен во дупка кај Кванташки пазар во Скопје

Утрово зад Кванташки пазар во Скопје пронајдено е телото на засега непознато машко лице.

Случајни минувачи утрово околу 8 часот и 20 минути во дупка полна со вода во близина на Вардар зад Кванташки пазар, забележале тело на засега непознато машко лице.

Телото било во фаза на распаѓање.

Според информациите на Пресс 24 од терен полицијата се уште врши увид и треба да даде одговор кои се причините за смртта и како телото се нашло во дупката зад Кванташки.