Бруто-домашниот производ со раст од 2,7 проценти
Стапката на раст на бруто-домашниот производ во последниот квартал од минатата година изнесува 2,7 проценти. Според податоците кои ги објави денеска Државниот завод за статистика, во последниот квартал лани најголем пораст од 12,4 проценти е забележан во секторите стручни, научни и технички дејности и административни и помошни услужни дејности, по што следат „уметност, забава и рекреација“, „други услужни дејности“, „дејности на домаќинствата како работодавачи“, „дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби“ од 11,7 проценти , „градежништво“ од 11,1 процент и „финансиски дејности и дејности на осигурување“ од 3,8 проценти.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2014 година, номинално расте за 2,5 проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 65,8 проценти. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 14,8 проценти, а увозот на стоки и на услуги е зголемен во номинален износ од 9,7 проценти, говорат податоците на Статистика.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа