Паника во Тетово: Непознат сторител оставил бомба на среде улица

Непознат сторител направи вистинска паника во Тетово откако на улица остави бомба кашиката.

Екипа на Дирекцијата за заштита и спасување денеска нешто по 14 часот безбедно ја отстрани оставената бомба - кашикара модел М-75 што околу 13 часот и 10 минути случаен минувач ја забележал оставена покрај дрвена бандера на улицата „Кумановска“ во Тетово.

 При увидот било забележано дека на бомбата има траги од земја.

Засега не се знае кој, зошто и кога ја оставил бомбата.

ФОТО: Инпрес 

најчитано сега