Започнува „Недела на гордоста“ во Македонија

Започнува „Неделата на гордоста“ во Македонија со проекција на кратки видеа за транс луѓето кои живеат во земјава.

Неделата на гордоста вклучува неколку настани, дебати и филмски проекции поврзани со сите дилеми околу ЛГБТ лицата во нашата држава.

Во организација е на Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ и ЛГБТ јунајтед во соработка со ЛГБТ центарот за поддршка и „Лезфем“.

Инаку, оваа Недела на гордоста се одржува по повод 27 јуни, интернационалниот ден на лезбејките, геј мажите, бисексуалците и трансродните луѓе.

Настанот ќе трае до 27 јуни.

ФОТО: Плусинфо

најчитано сега