Ќе добие ли Грција пристап до европските фондови?

Грција може да не добие пристап до европските фондови, ако не ги исполни обврските преземени во рамките на спасувачкиот план, согласно новите прописи на ЕУ за структурни фондови, тврди весникот „Вима“. 

Весникот се повикува на информативни извори, кои сметаат дека според промените во политиката на ЕУ за новиот програмски период средствата од европските фондови, кои Грција ги користи по линија на Национална стратешка референтна рамка, е можно да не бидат обезбедени, ако Европската комисија утврди кршење од земја членка на Унијата на договорените буџетски и макроекономски обврски, пренесе МИА. 

Грчката фондација за Европска и надворешна политика во свое соопштение наведува дека во новите прописи за европските структурни фондови за првпат Брисел го поставил како услов за добивање на средства тоа секоја земја членка да ги почитува препораките на Европскиот совет, поврзани со новата фискална и макроекономска политика на Унијата. 

Според весникот „Вима“ ваквиот услов, што досега важел само за Европскиот кохезивен фонд, ќе влијае на земјите кои се во режим на меморандум и спасувачки програми, пренесе МИА. 

 

 

Оцени ја веста

17.03.2015 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега