Се огласи монструмот кој го уби таксистот со македонско потекло - Без око да му трепне раскажа што се случило

32-годишниот Мирослав Матиќ, убиецот на таксистот со македонско потекло, и свештеникот кој се обидел да помогне, на полицијата детално и опишал како го направил незапаметениот злочин. Тој, според податоците на српскиот Курир, со автоматска пушка пукал во таксистот Чира Тренески откако немал пари да плати бидејќи се возел со неговото такси.

- Се скарав со сестра ми, си ги спакував работите, ја земав и автоматската пушка и тргнав кон улицата. Сопрев такси и влегов во него. Му реков да ме носи на автобуска станица зошто сакам да си одам дома, раскажал осомничениот за двојното убиство на полицијата.

Откако Мирослав му кажал на Чире дека нема пари за да плати, истиот наводно според зборовите на убиецот бил дрзок и го прашал зошто се качил во такси ако нема пари да си плати. 

- Ми падна мрак на очи и онака веќе бев нервозен. Ја извадив пушката која ја носев и му реков да застане покрај патот. Тој застана, а потоа рече дека знаел дека ова ќе се случи, раскажал убиецот и додал дека откако таксистот излегол од возилото, го усмртил со четири куршуми.

Потоа, убиецот влегол во возилото и сакал да го запали но се заглавило. Друг човек, односно сега убиениот Мирослав, излегол од своето Југо со кое се нашол на местото на грозоморното убиство и го прашал дали му е потребна помош. На Матиќ кој бил збунет по убиството, не му било јсно што треба да направи, па го убил и човекот кој му понудил помош.

Инаку, Мирослав синоќ беше приведен на сослушување. 

За потсетување, телото на Чире беше пронајдено на улица, а утредента за време на истрагата, полицијата откри уште едно тело на оклу 150 метри оддалеченост.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

17.03.2015 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега