Facebook со нови правила: Доколку го правите ова ќе ви биде избишан профилот
Фејсбук објави детални информации околу содржината која е забранета и која, ако корисниците ја објавуваат, ќе биде избришана.Новите правила сега вклучуваат и забрана на „опасни организации“ како и објавување голотија.
Досега, бројни корисници беа збунети околу правилата на Фејсбук и содржината која Фејсбук ја отстранува.
Сега и Фејсбук јасно дава дознаење дека нема да толелира не само терористички организации и нивни членови, туку нема да дозволи ниту поддршка и фалење за терористички собири и акции, рекла за Би-Би-Си Моника Бикет, вработена во Фејсбук.
Што се однесува на голотијата, во иднина ќе бидат забранети и ќе се бришат фотографии кои се фокусирани на „целосно изложен задник и фотографии од женски гради ако на нив се гледаат брадавиците“, освен ако не станува збор за образовна или сатирична содржина, а нема да бидат забранети фотографии од доење.
Исто така, ќе бидат забранети фотографии на кои се „деградираат поединци“ и видеозаписи од физичко злоставување чија цел е да ги посрамотат жртвите, потоа говор на омраза, самоповредување, графички приказ на насилство. Посебно е нагласено дека е забрането славење и фалење на злочин и криминални активности.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа