Издадени првите три дозволи за градење во индустриската зона „Неготино”
Издадени се првите три дозволи за градење во индустриската зона „Неготино” близу селото Црвени брегови и наскоро ќе почнат градежни активности, информира денеска неготинскиот градоначалник Ванчо Апостолов.
Како што јавува МИА Апостолов истакнал дека домашен инвеститор ќе гради стопанско индустриски капацитети на парцелите за кои се издадени одобренија за градење.
Локалната самоуправа во изминатиот период успеала да ги продаде сите парцели на површина од 25 хектари благодарение на извонредната местоположба на зоната. На продадените локации е предвидена изградба на стопанско-индустриски капацитети од лесна и незагадувачка индустрија.
- Со започнување со работа на тие капацитети ќе се овозможи и вработување на невработени лица од општина Неготино, а можеби ќе се јави потреба и од вработување на лица и од соседните општини, рече градоначалникот Апостолов.
Поради огромниот интерес при купувањето на постоечките парцели, според Апостолов, се размислува за проширување на индустриската зона со нови парцели на површина од околу 20 хектари.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа