Ново уживање за посетителите на Водно

Од денеска посетителите на парк шумата Водно, ќе можат да уживаат во новиот едукативен Еко-парк, кој се наоѓа во близина на кабинската жичница која сообраќа до „Милениумскиот крст“. 

Еко паркот е на иницијатива на „Пакомак“ - Друштво за управување со пакување и отпад од пакување, во соработка со Про-кредит Банка, Град Скопје, ЈП „Паркови и зеленило“, и на деца и наставници од 60 основни училишта од Скопје.

Се простира на површина од над 1.000 метри квадратни, а во него ќе има и едукативно-информативни табли за историјата на Скопје. 

Во Еко - паркот денеска ќе бидат насадени 60 нови зимзелени дрва. 

Од растителниот свет на Водно најзастапен е дивиот костен, но има и бреза, липа, даб, габер, бор, смрека, зеленика и друго.

 

 

Оцени ја веста

20.03.2015 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега