„Прв до врв“ на Водно

Повеќе од две илјади пријавени учесници денеска ќе се вклучат во пролетното искачување на Водно, во рамки на натпреварот „Прв до врв“.

Стартот е пред училиштето „Кочо Рацин“, од каде учесниците ќе се упатат кон врвот на Водно, а таму во 11 часот ќе се одржи забава со диџеј Милан Бибановски.

За сите учесници кои ќе пристигнат на целта на врвот на Водно, компанијата АрселорМитал обезбеди вода и овошје за освежување, а најбрзите 300 ќе бидат наградени со книги за здрав начин на живот и здрава исхрана.

Еко-партнерот „Пакомак“ ќе подели едукативни еколошки речници и ќе се погрижи за хигиената и зачувувањето на природната околина на Водно.

Во настанот традиционално учествуваат планинари, велосипедисти, спортисти и рекреативци. 

Ова е трето месечно издание на „Прв до врв“, по оние кои се одржаа за Бадник во јануари и за свети Трифун во февруари. Месечните настани „Прв до врв“ немаат натпреварувачки карактер и се организираат со цел да се поттикнат што повеќе граѓани да учествуваат во заеднички и масовен тренинг, како и рекреација во искачување на Водно.

Главниот настан „Прв до врв 2015“ со организирани натпревари во планинско трчање, планински и друмски велосипедизам, е закажан за 24 мај.

 

 

Оцени ја веста

22.03.2015 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега