Нишани: Гласањето да помине во фер и демократска атмосфера

 

Албанскиот претседател Бујар Нишани упати апел денешните парламентарани избори во Албанија да минат во слободна и фер атмосфера.

- Ова е значаен ден кој им припаѓа на граѓаните и затоа треба да покажеме воздржаност и почит кон законот. Политичките програми се многубројни, но индината на земјата е единствена изјави Нишани, кој со сопругата Одета своето гласачко право го оствари во Тирана.

Тој ги поздрави и упати честитки и до сите оние кои денес гласаат по првпат, споменувајќи го и сопствениот син, кој денес првпат го остварува своето гласачко право.

ФОТО: Денешен

 

најчитано сега