Сопственик на угостителски објект во Неготино добил закани, уапсено едно лице
Лишен од слобода бил неготинец, затоа што синоќа се заканувал на сопственик на угостителски објект, информираа денеска од СВР Велес.
- Синоќа во 22.30 часот во Неготино, полициски службеници од Полициската станица во градот го лишиле од слобода неготинецот Б.П. (37), затоа што претходно во угостителски објект се заканувал на сопственикот, сограѓанинот Ф.М( 50). По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, појаснија од СВР Велес.
26.11.2024 - 10:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа