Славија ги продава деловните простории

Славија го продава деловнииот простор. Во неколку пакети на правните и физичките лица ќе им се понудат триесетина простории. Првиот оглас е веќе распишан и трае до 5 април. Се нудат десетина продавници, супермаркет и магацински простор од различни кавадратури на повеќе локации, како Аеродром, Гази Баба, Чаир, Јурумлери и Маврово, а вкупната вредност на објектите кои се нудат на електронско јавно наддавање е околу 1,4 милиони евра.

Во следните пакети покрај продажниот и магацинскиот простор ќе се понуди и управната зграда. Деловните простории на Славија во моментов главно се издаваат под закуп, пишува Економски.мк.

Инаку, државата од минатиот месец отпочна процес на продажба на 1000 деловни простории во нејзина сопственост. За првиот пакет, од 100 простории лоцирани во 19 градови, огласот истекува во петок.

 

 

 

Оцени ја веста

26.03.2015 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега