Ставрески: До средината на јули нови инвестиции и нови вработувања
Пратеникот на ВМРО -ДПМНЕ, Драган Данев на денешната седница постави две пратенички прашања. Првото пратеничко прашање кое го постави Данев беше во контекст на новите странски инвестиции кои се најавени од страна на Владата на Република Македонија.
- Како пратеник кој доаѓа од ИЕ1 користам можност да ја поздравам веќе најавената инвестиција во зоната во градот Скопје, која е најавена како германаска компанија која ќе инвестира 20 милиони евра и ќе отвори околу 500 работини места. Во насока на ова и интересот на граѓаните на град Скопје, а и пошироко бидејќи се работи за голема инвестиција која че понуди нови работни места интересот на граѓаните е со која динамика ќе се реализира оваа инвестиција и дали во блиска иднина се очекува најава на нови странски инвестиции, праша Данев.
Одговор на ова прашање даде министерот за финансии Зоран Ставрески.
-Во оваа ситуација можам да потврдам дека најавената инвестиција на компанија која што планира да вработи 500 лица во извесен временски период треба да почне до крајот на овој квартал, што значи многу брзо во следните два месеци ќе почне и регруатацијата и ќе се објават огласите за вработување. Покрај тоа има уште две до три други компании кои во истиот временски интервал значи некаде до почетокот на јули или средината на јули планираат да вработата уште 800 лица. Од кои едната компанија е во Скопје со помал број на вработување околу 150 и имаме поголем број на вработувања во Штип каде што имаме една компанија која исто така очекуваме во текот на мај да биде потпишан договрот, истакна Ставрески.
Тој потенцираше дека очекува во овие компании да бидат вработени околу 800 лица.
Второто прашање на пратеникот Данев беше поставено до Владата, а се однесуваше на проблемот со фекалната канализациа во населените места Добридол и Ракотинци од Општина Сопиште.
- При голем број посети на овие населениместа како пратеник бев запознаен со овој децениски проблем на овие луѓе и од неопходноста од започнување на подготвителен проект за изградба на фекална канализација во Ракотинци и Добридол со што значително ќе им се подобрат условите за живот на жителите од овие две населни места, истака Данев.
За ова прашање Данев ќе добие одговор од Владата на Репулбика Македонија по писмен пат.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа