ФОТО: Наместо во рикверц стави во прва и летнал во река

Возач од Врање наместо во рикверц тргнал напред и завршил во коритото Врањанската река. За среќа, возачот не е повреден, а автомобилот претрпел мала штета.

Очевидците кои во тоа време поминувале биле во шок, а кога возачот излегол од автомобилот без никакви повреди луѓето почнале да фотографираат и да се смеат.

- Поминував покрај горниот пазар и одеднаш слушнав тресок. Се свртев и видов автомобил кој буквално беше во Врањанска река, вели еден очевидец.

Како што објаснува возачот, автомобилот бил паркиран со предниот дел покрај реката и кога сакал да излезе од паркингот, наместо во рикверц, ставил во брзина и тргнал напред.

 

 

Оцени ја веста

05.04.2015 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега