Александар Даштевски: Денеска е јасно, власта не организирала прислушување
Денеска повеќе од еден месец од обедоденувањето на "бомбата", една работа е сосема јасна, а тоа е дека власта не организирала прислушување, со што се менува и целосната перцепиција за аферата која ја објави опозициската СДСМ. Тоа вели, аналитичарот, Александар Даштевски е клучното прашање од кое се почнува. Даштевски во интервју за Прес24, ја анализира целокупната состојба.
-Денеска е јасно дека власта не го организирала прислушкувањето. Деведесет проценти од прислушкуваните разговори се однесуваат на владините функционери. За да се докаже дека власта го организирала прислушкувањето, треба да постојат докази за тоа, односно документи во пишана форма. Дури ни усмените наредби не можат да се употребат како доказ. Рековме дека во одредени случаи имало законски прееземени мерки за следење на комуникациите, како што е и самиот предмет со лидерот на опозицијата, кој го уценувал премиерот, за да дојде на власт, на незаконски начин спротивно на вољата на граѓаните, вели Даштевски во интервјуто за Прес24.
Тој заговара исклучиво правна разрешница на состојбата, од која вели ќе произлезе и нивото на вклученост на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Според Даштевски ова сценарио е креација на Верушевски, а во таа насока се и пишувањата што деновиве излегоа со потпис на новинарката Мирка Велиновска. Како Заев влегол во ова креирано сценарио?
- Се уште не е познато каква е инволвираноста на лидерот на опозицијата во аферата ПУЧ. Може да се предпостави дека тој подоцна се вклучил во аферата одкако останатите веќе незаконски ги прибавиле разговорите. Тоа се гледа и од еден разговор меѓу обвинетиот Ѓ.Л. и обвинетиот З.В. воден во преку Скајп каде што првиот му пишува на вториот “Си му ги дал материјалите на идиотот”, мислејќи најверојатно на Заев. Ова асоцира дека лидерот на опозицијата подоцна е вклучен во оваа операција, додека останатите подолго време работеле на прислушкувањето во соработка со тајни служби. Затоа и мерките што беа одредени против него се поблаги одколку спрема другите осомничени, потенцира Даштевски. Според него, ко на почетокот биле претоставки, сега со сигурност може да се каже дека странскиот елемент вмешан во оваа афера е јунжно од Македонија.
-Може со сигурност да се каже дека во аферата е замешана грчката тајна служба, со оглед на тоа што излегоа документи за семејството Заеви кои поседуваат голема куќа на Халкидик, купена неколку пати поефтино од пазарната цена. Овие методи на грчката служба се познати и тие во својата историја кога биле во прашање нивни витални интереси имаат подарувано цело острово на важна личност во светската политика за да им помогне во остварување на тие интереси, потенцира за Прес24, аналитичарот Даштевски.
Според него сценариот е јасно, а секојдневното објавување на креираните разговои од страна на Заев, само го доразобличуваат.
- Објавување на пасошот на лицето кое работи за израелската служба е исто така забрането, знаете дека и кај нас се заштитени личните податоци со закон. Ваквата противзаконска дрскост е објавена, најверојатно поради тенденциозно нарушување на добрите односи помеѓу Македонија и Изрaeл. Друго прашање е сценариото кое е направено за целосна дестабилизација на државата, како на безбедносен, така на економски, на меѓуетнички план, а она што за сега не дава никаков резултат е граѓанската војна помеѓу поларизираните македонски блокови. Како дел од економската дестабилизација е и бимбата за автопатот ко Гевгелија, со која опозициониот лидер се обиде да ги наруши добрите односи со Кина, која е заинтересирана за изградба на овој автопат поради интересот стоката произведена таму, преку пристаништето од Солун да поминува низ тој автопат. Оваа бомба може да го доведе во прашање исклучително поволниот кредит кој под изворендно поволни услови ни го даде Кина и според кој цената на еден километар автопат е најефтина во Европа, како што изјави вицепремиерот Пешевски, се работи на тоа уште повеќе да се намали и така малата камата, вели во интервјуто за Прес24, Александа Даштевски, политички и безбедносе аналитичар.
ПРЕС24: Повеќе од еден месец Македонија функционира во една тезнична политичка состојба, која сеокодневно се усложнува. Кои се вашите проценки до каде може да оди тензичноста и сложеноста на оваа состојба?
ДАШТЕВСКИ: Јас би рекол дека оваа политичка состојба трае повеќе од два месеци и поради тоа тензиите се зголемуваат. Со оглед дека од првиот ден ја следам состојбата, сметам дека ова може да продолжи уште еден месец до два, затоа што во тој период треба да дојде до правна разврска. Како што видовме од пресудата која веќе е донесена против еден од обвинетите, врз основа на признание, се насетува дека прислушкувањето го вршеле обвинетите во аферата Пуч. Оваа пресуда ќе помогне да се забрза постапката, која според огромните материјали што се пронајдени кај обвинетите би траела долго. Според таа пресуда сега осудениот користејќи го правото на слободен пристап до информации, преку вториот вработен во МВР, стапил во контакт со Зоран Верушевски и по негов налог ги злоупотребил техничките капацитети на МВР внесувајќи телефонски броеви на повеќе политичари и други јавни личности. Мотивот за тоа им бил исплаќање на поголеми средства од странските служби, a делата започнале да ги вршат во 2010. Спрема тоа што до сега и е познато на јавноста, обвинетите би требало да бидат осудени поради кривичните дела што ги сториле. Со оглед дека до сега не се објавени материјали дека прислушкувањето е вршено по налог на УБК, без дозвола на истражен судија, ќе мора да се донесе одлука неовластено објавените разговори да се одстранат од интернет страницте и другите медиуми.
ПРЕС24: Колку безбедноста на државата и гаѓаните се ставени во ризик? Иако многумина мислеа, а впрочем и тоа го најавуваше лидерот на СДСМ, дека ќе објавува материјали кои покажуваат коруптивност, сепак на една од последните прес-конференции беа објавени телефонски разговори кои директно задираат во безбедноста и угледот на државата. Дали станува збор за несериозност или пак за смислено сценарио за дестабилизација?
ДАШТЕВСКИ: Со постапката на премиерот да му дозволи на лидерот на опозицијата да објавува што сака тој беше сигурен дека нема ништо спектакуларно. Јас се залагам да не се коментираат тие материјали бидејќи се прибавени по пат на кривично дело. Она што би го изјавил во врска со материјалите, во рамките на дозволеното, е дека лидерот на опозицијата воопшто не ги разбрал најголемиот дел од материјалите. Најдобро ги разбрал оние кои задираат во повреда на човековите права и слободи, на пример кога зворуваат сопружници или пријатели помеѓу себе. Дека не ги разбрал најдобро се произлезе и од контрадоказите. На пример од третата бомба каде што сите мислеа дека кривичната постапка е наместена, од видео камерите се уверивме дека се работи за сериозно кривично дело против уставниот поредок на државата, кој УБК и МВР мора да гo заштити.
За тоа е доказ и токму бомбата која директно задира во беабедноста и угледот на државата. Прво, тој воопшто не знае за каква опрема се работи, туку предпоставува дека е за прислушкување, па поради тoа прави разни констрикции со разговорите и смс пораките иако никаде не се споменува опремата за прислушкување. Затоа овие материјали пред да се објават треба да се дадат на истражните органи кои имаат механизми да утврдат за што точно се работи. Ако се работи за строго доверливи материјали се разбира дека тие воопшто не смаеат да се објавуваат бидејќи тоа не е во согласност со законот. Објавување на пасошот на лицето кое работи за израелската служба е исто така забрането, знаете дека и кај нас се заштитени личните податоци со закон. Ваквата противзаконска дрскост е објавена, најверојатно поради тенденциозно нарушување на добрите односи помеѓу Македонија и Изрaeл. Друго прашање е сценариото кое е направено за целосна дестабилизација на државата, како на безбедносен, така на економски, на меѓуетнички план, а она што за сега не дава никаков резултат е граѓанската војна помеѓу поларизираните македонски блокови. Како дел од економската дестабилизација е и бимбата за автопатот ко Гевгелија, со која опозициониот лидер се обиде да ги наруши добрите односи со Кина, која е заинтересирана за изградба на овој автопат поради интересот стоката произведена таму, преку пристаништето од Солун да поминува низ тој автопат. Оваа бомба може да го доведе во прашање исклучително поволниот кредит кој под изворендно поволни услови ни го даде Кина и според кој цената на еден километар автопат е најефтина во Европа, како што изјави вицепремиерот Пешевски, се работи на тоа уште повеќе да се намали и така малата камата.
ПРЕС24: Она што според многумина е дополнително скандалозно е тоа што Заев во овој случај ја вмеша една од трите светски разузнавачки служби – израелската. Како според Вас тоа ќе влијае и на односите на Израел со Македонија, но и внатре во Израел?
ДАШТЕВСКИ: Како што спомнав во предходното прашање односите помеѓу Македонија и Израел веќе се нарушени поради објавувањето на службената тајна. Република Македонија веќе и се извини на државата Израел, дека тоа не се официјални ставови на државата. Верувам дека што е можно поскоро тие односи ќе се нормализираат затоа што Израел ни помогна многу во повеќе области, како например, ноќното осветлување и реновирање на борбените хеликоптери и друго. Познато е дека Израел донира опрема на сите држави кои се борат против тероризмот. Она што можеби е позадината на лидерот на опозицијата е трајно нарушување на тие односи и евентуално предизвикување на меѓуетнички конфликт. На тоа асоцираат емисиите на телевизијата Аl Jazeera нарачани од лидерот на опозицијата, а во кои учествуваат представници на опозицијата, обидувајќи се состојбата во Македонија да ја прикажат како екстремно опасна. На пример, по ветереанот на ОВК во Косово кој се заканува дека ако е потребно нивните борци ќе ја нападнат Македонија за да ги заштитат соборците кои се наоѓаат во Македонија, следи изјавата на Радмила Шекеринска која тврди дека состојбата во Македонија станува се поопасна. Знаеме дека оваа телевизија го спонзорира радикалниот изламизам не само во регионот и дека ваков конфликт во Македонија би и одговарал. Овој факт не смее да се запостави.
ПРЕС24: Постои ли пракасa во светот да се објавува на ваков начин идентитет на лица кои работат за безбедносни служби, како што тоа го направои Заев објавувајќи го идентитетот на исраелецот?
ДАШТЕВСКИ: Веќе спомнав дека личните податоци се заштитени во земјата, а тоа се однесува и на странските државјани. Така што нивното објавување не е дозволено и според Виенските конвенции кои Македонија ги има усвоено и ратификувано Евидентно е дека копијата од пасошот не е прибавена од обвинeтите во постапката ПУЧ туку најверојатно од друга служба и тоа исто така ќе треба да се докажува во кривичната постапка која ќе биде поведена. Инаку, може да се случи да протече некоја информација во светот што е реткост. Но не само што не се објавуваат имињата на соработниците, туку не се објавуваат ни разговорите, затоа што, како што споменав тие навлегуваат во животите на луѓето и ги повредуваат нивните слободи и права. На пример во Турција триесетина обвинети беа осудени на казни затвор по 28 години поради прислушување, а ниеден разговор не излезе во јавноста.
ПРЕС24: Некои опозициски екепсрти сакајќи да го амнестираат Заев од одговорност, тврдат дека набавка на ваква опремема не можела да се класифицира како државна тајна. Колку тоа е реално?
ДАШТЕВСКИ: Сведоци сме дека подолго време лидерот на опозицијата и луѓето кои го подржуваат не ги почитуваат одлуките на органите на прогон. Иако постои забрана за објавување на материјали поврзани со аферата Пуч од страна на Обвинителството, опозицијата не само што ги објавува и коментира, туку заедно со своите приврзаници се јавува во улога и на обвинител и на судија. Со тоа таа свесно и намерно не ги почитува институциите на системот, владеењето на правото и правна држава.
Што се однесува до тоа дали се работи за државна тајна МВР експлицитно објасни дека преку својот недоличен настап, осомничениот во случајот „Пуч“ го загрозил кредибилитетот на македонските служби со што и директно ја довел во опасност безбедноста на Република Македонија. Неговиот настап може да се толкува како директен атак врз институциите на земјава и обид за урнисување на нејзините капацитети. Освен кон македонските институции, со овој бесрамен чин, беше извршен атак и кон институции на држава, стратешки партнер на Република Македонија. Тој и практично, неосновано и недолично ја обвини Државата Израел дека исплаќала поткуп за да донира средства.
Катастрофалното објавување на лични податоци на високиот претставник на Министерството за одбрана на државата Израел, не е ништо друго освен напад врз институциите на државата Израел и директно загрозување на личната безбедност на нивното службено лице. Благодарение на лидерот на опозицијата, службеното лице на израелското Министерство за одбрана во иднина може да биде предмет на било чија закана.
Всушност, станува збор за донација од Израел во 2011 година, а не за набавка на опрема за прислушување која и никаде не се споменува во разговорите, како што веќе нагласив. Донацијата се однесува на опрема за специјалните единици. Имено, како докажан пријател на Р. Македонија, тие понудилe помош и во опрема за подигнување на борбената готовност на нашите специјални единици. Истите префрлиле 5.557.377 евра на сметка на компанија која имала обврска потоа да ја набави опремата. Од тие средства 4.413.330 евра биле исплатени на производителот на опремата, додека остатокот од 1.144.047 евра биле исплатени во буџетот на Р. Македонија на име на царински давачки и данок на додадена вредност. Во компанијата не останало ниту едно евро од донацијата. Опремата пристигнала во специјалните единици и во моментов се употребува. Провизијата која што се споменува е банкарска провизија. Бидејќи станувало збор за префрлање на поголема сума пари и имало одредени потешкотии и доцнење околу трансферите, донаторите одлучле да ја сменат банката и да ги префрлат парите преку кореспондентна банка од Будимпешта, која ги префрли парите во земјава. Тоа се податоци за кои постојат документи и други докази, па затоа не треба да се прејудицира, како што тоа често го прават луѓето блиски до опозицијата, сметајќи дека ги познаваат работите, а не знаејќи ги фактите што се однесуваат на одредена ситуација
ПРЕС24: МВР веќе најави дека најверојатно Заев ќе заработи уште една кривична пријава овој пат за издавање државна тајна. Дали сите овие процеси кои се водат против него треба да добијат судска разрешница? Тоа е едно и второ прашање поврзано со ова е што значи објавување документи со назнака државна тајна од највисок степен?
ДАШТЕВСКИ: Сметам дека кривичната пријава се подготвува , можеби веќе е завршена бидејќи овој случај е јасен коко што погоре објаснив. Тука законот е јасен според став 1 член 317 од Кривичниот законик „ Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе соопшти, предаде или стори достапна државна тајна што му е доверена, ќе се казни со затвор од една до десет години. Според ставот 2 „Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе му соопшти, предаде или стори достапни податоци или документи за кои знае дека се државна тајна, а до кои дошол на противправен начин, ќе се казни со затвор од една до пет години“. Доколку пак сторителот бил предмет на манипулација и делото го сторил од небрежност, согласно законот ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
Исто така, лидерот на опозицијата и неговиот тим требал да знае дека според член 8 од Законот за класифицирани информации, „Класифицираната информација со степен “ДРЖАВНА ТАЈНА” е информација чие неовластено откривање би предизвикало загрозување и нанесување непоправливи штети на трајните интереси на Република Македонија“.
На тој начин постапката за одавање државна тајна ќе се води одвоено од постапката во аферата ПУЧ. Единствена олеснителна околност за лидерот на опозицијата е што кај нас казните за овие дела се мали за разлика од посериозните и силни странски држави каде што овие казни се драконски, затоа што сакаат да си го заштитат угледот и безбедноста на државата.
Се уште не е познато каква е инволвираноста на лидерот на опозицијата во аферата ПУЧ. Може да се предпостави дека тој подоцна се вклучил во аферата одкако останатите веќе незаконски ги прибавиле разговорите. Тоа се гледа и од еден разговор меѓу обвинетиот Ѓ.Л. и обвинетиот З.В. воден во преку Скајп каде што првиот му пишува на вториот “Си му ги дал материјалите на идиотот”, мислејќи најверојатно на Заев. Ова асоцира дека лидерот на опозицијата подоцна е вклучен во оваа операција, додека останатите подолго време работеле на прислушкувањето во соработка со тајни служби. Затоа и мерките што беа одредени против него се поблаги одколку спрема другите осомничени.
Исто така, се води и постапката за барање поткуп, која не треба да се зема премногу наивно. Точно е дека осомничениот осуетил дека ќе дојде до кривична постапка и не ги земал парите пред таа да биде завршена, но не треба да се подценуваат ни доказите на органите за прогон, бидејќи постапката траела година дена како што дознаваме од медиумите.
Сите овие постапки, бидејќи се веќе процесуирани, некоја порано, а некоја подоцна ќе бидат завршени. Според динамиката, со која ќе се водат постапките, јавноста ќе биде запознаена со нивиот епилог.
ПРЕС24: Вие уште на почетокот во февруари тврдевте дека зад овиe прислушкувани матерјали стојат структури кои ги ангажирал Верушевски кои имале соработка со одредени странски разузнавачки служби. Дали од денешна дистанца овие тврдења се потврдуваат?
ДАШТЕВСКИ: Toa е точно, само што во февруари се уште имаше многи малку докази и ние рековме во разговорот дека само можеме да предпоставуваме, а не можеме да бидеме сигурни кои се тие служби. Сега состојбата е сосема друга. Може со сигурност да се каже дека во аферата е замешана грчката тајна служба, со оглед на тоа што излегоа документи за семејството Заеви кои поседуваат голема куќа на Халкидик, купена неколку пати поефтино од пазарната цена. Овие методи на грчката служба се познати и тие во својата историја кога биле во прашање нивни витални интереси имаат подарувано цело острово на важна личност во светската политика за да им помогне во остварување на тие интереси.
Понатаму, се појави Холандската тројка, која сигурно не работи од алтруизам туку поради личи интереси, за чие остварување се потребни поголеми средства. Дури и да не се работи за загриженост за државата некој треба да ги плати трошоците за разшетување до пивницата во Хаг и назад на протести во МРТВ, скапите лаптопи и потрошеното време за овие активности.
Она што најмногу изненади е однесувањето на Британскиот Амбасадор Чарлс Гарет, кој изјави дека владата треба да заземе став за прислушкуваните разговори и на некој начин го подржа барањето на опозицијата за техничка влада, што значи земање страна во настанатата состојба. Дипломатските представници не само во Македонија, туку никаде во светот не треба да се мешаат во внатрешните работи на една држава, според Виенските конвенции за дипломатско и конзуларно право. Со оглед дека се работи за силна држава како што е Велика Британија, која е добар соработник и пријателска земја на Македонија, за да не се преземаат подрастични мерки, британскиит амбасадор требаше да биде повикан на разговор во МНР за да ги објасни своите изјави, што би била најблага мерка токму во согласност со виенските конвенции. Иако, Велика Британија во меѓусебните односи не ословува со уставното име, премиерот на трибината во С.Ц. Борис Трајковски енергично најави дека прашањето за промена на името ќе се решава на референдум и со тоа ги отфрли сите можни притисоци кои би можеле да се прават по однос на тоа прашање.
Конечно она што го спомнавме за Аl Jazeera, таа не само што го подржува радикалниот исламизам во светот, туку во зависност од потребите соработува со странски служби, особено од западниот свет.
ПРЕС24: Заев на првата прес-конференција објави дека Власта била таа која организирала прислушување. Денеска во СДСМ никој веќе не зборува за тоа кој го организирал прислушувањето. Зошто опозицијата сака да го потисне ова прашање и сега бара јавноста да се фокусирала на содржината на материјалите кои се објавуваат?
ДАШТЕВСКИ: Денеска е јасно дека власта не го организирала прислушкувањето. Деведесет проценти од прислушкуваните разговори се однесуваат на владините функционери. За да се докаже дека власта го организирала прислушкувањето, треба да постојат докази за тоа, односно документи во пишана форма. Дури ни усмените наредби не можат да се употребат како доказ. Рековме дека во одредени случаи имало законски прееземени мерки за следење на комуникациите, како што е и самиот предмет со лидерот на опозицијата, кој го уценувал премиерот, за да дојде на власт, на незаконски начин спротивно на вољата на граѓаните. Има уште неколку такви случаи каде што се работи за заштита а уставниот поредок.
Опозицијата бара јавноста да се фокусира на содржината на материјалите, за да може да се нанесе што е можно поголема штета на власта, а таа да добие политички поени со тоа. Евидентно е дека таа нема намера да се занимава со политика, одосно да направи политичка програма, да ја промовира на терен и да направи сериозна политичка структура која ќе може да и парира на власта. Затоа се занимава само со сеирџиство, кое нема многу да и помогне, како што покажуваат анкетите, кои се прават во текот на овие два месеци.
ПРЕС24: Неодамна во една своја комумна новинарката Мирка Велиновска тврдеше дека уште пред десетина години Верушевски и презентирал прислушувани материјали барајќи од нејзе да ги искористи како уцена на тогашната власт. Тоа покажува дека одредени лица од безбедноста во Македонија долги години работеле во корист на првоосомничениот во случајот Пуч. Деценија и половина подоцна се отвара сомнеж и дека можеби и аферата Големото Уво од 2001-та е сценарио слично на денешното?
ДАШТЕВСКИ: Тврдењата на Мирка Велиновска се воспоставија како апсолутно точни. Имено, фамозната насловна страница на Утрински весник за која таа тврдеше дека токму во тој број се изнесени заканите на Верушевски, а која ичезнала од архивите на весникот беше пронајдена и од неа јасно се гледа дека такви закани се упатени. Не знам дали лицата од државна безбедност работеле само во корист за првоосомничениот или и во своја корист. На пример, сега осудениот Слободан Богдановски тврдеше дека има сопствена архива и дека со тие податоци, може да нанесе штета на повеќе лица. Понатаму во случајот ШПИУН се воспостави дека повеќе лица меѓу кои и Диневски имале податоци од УБК со кои уценувале други лица дека ќе изнесат дел од тие податоци, ако не им платат за тоа.
Факт е дека осомничениот Верушевски учествуваше и во аферата Големото уво, тогаш како вработен во МВР, секако злоупотребувајќи ја својата службена должност, како што споменавме таквото уцеување со материјали од прслушкување се повторило и пред десетина години. Последната афера ПУЧ според признанеието на еден од обвинетите траела од 2010 година, поради тоа конечно треба да се расчисти со овој човек и со луѓето како него.
ПРЕС24: Не е ли ова сериозен аларм за целосна и комплетна реформа на безбедносните служби во државата и барање начин како да се воспострави јака цивилна контрола?
ДАШТЕВСКИ: Како што гледаме од предходното прашање алармот постои од осамостојувањето а Македонија до денес. Секој што ја напуштал УБК со себе си земал материјали кои подоцна ги користел за разни недозволени цели, а најчество за своја заштита. Таквата злоупотреба на материјалите е забранета и законски казнива. Затоа, не треба многу да се размислува и да се се чека во такви случаи, туку веднаш да се постапува од страна на органите за прогон. Доколку се реагирало во согласност со закон кога Верушевски се заканил во Утрински весник, денеска не би имале ваква ситуација. Значи механизми за заштита постојат само треба принципиелно да се применуваат без оглед за кого се работи во конкретниот случај.
Ова не значи дека не е потребна реформа во безбедносните служби во државата. Постојат механизми како да се подобри начинот на работење и контрола на службите преку Собранието на Република Македонија, а податоците добиени од собраниската комисија да ги анализираат невладини одганизации и други здруженија од цивилниот сектор и да преслагаат уште подобри решенија, но за тоа е потребно опозицијата да се врати во собранието и заедно со власта да работат на тие реформи.
ПРЕС24: Кои се вашите проценки, како Македонија ќе се извлече од оваа ситуација?
ДАШТЕВСКИ: Моите проценки се дека опозицијата не сака политичко решение во овој момент. Тоа се гледа и од предлозите на нивниот лидер во универзална сала. Од друга дтрана власта ја постави црвената линија дека не се согласува со техничка влада, а за сите други прашања може да се разговара. Преголемите очекувања на опозицијата од меѓународната заедница не вродија со плод. Видовме деа членови од ЕУ се вклучија во посредувања на ниво на олеснувачи што е најниско ниво на посредништво во меѓународното право. Тие постојано потенцираат дека опозицијата треба да се врати во парламентот и дијалогот да продолжи.
За правната разрешница детално објаснив уште на почетокот на интервјуто, со тоа што ќе потенциран дека материјалите по завршување на кривичната постапка ќе мора да се одстранат од интернет порталите и од другите медиуми и да се забрани нивното понатамошно објавување.
Дијалогот треба да продолжи во смисла на одстранување на забелешките на ОЕСЕ од последните избори, кои не беа за нерегуларностите во гласањето туку пред се за финансирањето на кампањата, одвојуванјето на партијата од државата, што се решава со измени во законот и прочистувањето на избирачките списоци, за кои опозицијата најмногу приговара, а кои не можат да се завршат за кратко време. Ова асоцира дека најверојатно нема да има предвремени избори, или не во блиска иднина, a без оглед на тоа на кој начин ќе се одржат тие опозицијата треба да размислува како ќе го зголеми својот рејтинг.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа