Со една година работа во Германија купив нов Мерцедес, никогаш нема да се вратам

Маријана Ерејз е млада инџињерка од Ново село во Хрватска, а својата среќа по завршување на студиите ја нашла во Германија.

За година и два месеца таа стекнала работно искуство кое никогаш не би успеала да го стекне во Хрватска. Таа води градилиште и успеала за една година да купи луксузен автомобил, Мелцедес А- класа.

Таа за хрватскиот портал Portal.hr. ја раскажала својата животна приказна.

 

``Уште а време на студирањето ја имав дилемата дали да продолжам на Магистерски студии или среќата да ја барам во странство. Сите беа едногласни и ми рекоа дека студиите со три години подобро да барам работа на пазар бидејчи нема да успеам со ова образование, и да продолжам со Мастер студии, бидејќи така ќе можам да работам во канцеларија, да работам некоја истражувачка работа, менацер и сл. Но мене тоа никогаш не ме интересираше, бидејќи сакав градилиште.

Татко ми познава многу градежни фирми и ми предложи да пратам кратка биографија. Пробав на три места и во рок од три дена и од сите го добив истиот одговор да одам на разговор.  Но две од фирмите беа преголеми со повеќе од 400 вработени што за почеток ми беше многу тешко и одбрав фирма со 50 вработени бидејќи немав искуство. Практично започнав со работа 4 месеци по дипломирсњето. Таа на почетокот добила проект вреден дури 15 милиони евра и била премногу задоволна.

 

``Не ми паѓа на памет некогаш да се вратам во Хрватска, бидејќи имам прекрасна работа која која пред се воопшто не е стресна. Платата ми е висока. Работната атмосфера прави сите да бидеме задоволни, а се работи од 8 до 17 часа. Можеш да останеш прекувремено знаејќи дека сето тоа ќе ти биде платено. За една година стекнав искуство коењ никогаш немаше да успеам да го стекнам во Хрватска. Купив нов автомобил Мерцедес А- класа кој во Хрватска можев да го купам по 30 години работа и тоа само со кредит.

 

Единствено нешто што ми недостасува е балканскиот менталитет, дружбата но размислувам на тоа да ја повлечам целата фамилија тука. 

 

 

Оцени ја веста

06.04.2015 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега