„Шпигел“: Подгответе се за „грегзит“

Грција е на чекор од банкрот и треба да бидеме подготвени за „грегзит“, односно за истапување на Атина од еврозоната, бидејќи во таков случај на земјата ќе и биде потребна нова национална валута, наведува германскиот магазин „Шпигел“.  

Во текстот се тврди дека по враќањето на 460-те милиони евра од долгот кон ММФ, за што краен рок е 9 април, никој не знае дали Грција ќе има пари за исплата на плати и пензии. 

„Шпигел“ оценува дека ако прогласи банкорт Грција ќе треба да воведе времена валута, која по извесен период би била трансформирана во драхма или земјата повторно би му се вратила на еврото.

- Едно е сигурно, а тоа е дека по два до три месеци Грција не ќе може да најде дополнителни пари. Тогаш некој ќе треба да отстапи: или Грците или кредиторите или пак и двете страни. Ако тоа не се случи неизбежно ќе се соочиме со „грегзит“, наведува „Шпигел“.

 

 

Оцени ја веста

07.04.2015 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега