Албанија нема да дозволи легализација на производството на марихуана

Албанскиот министер за внатрешни работи, Саимир Тахири, категорично го отфрли барањето за легализација на производството на марихуаната во Албанија и најави затвор за секој кој ќе се обиде да одгледува марихуана.

Во поздравниот збор на свеченоста по повод доделувањето диломи на Полициската академија, Тахири нагласи дека нема да се легализација прозиводството на марихуаната и оти секој страк од ова наркотично растение ќе биде уништен.

- Ова ќе биде година на консолидација на нашите резултати во борбата против организираниот криминал. Ние нема да дозволиме одгледување и ќе уништиме секој страк од ова наркотично растение на секоја педа од територијата на Албанија. Ниту една садница ниту над ниту под земја нема да се дозволи да го снабдува криминалниот пазар со дрога. Почна прибирањето на информации и набрзо полицијата ќе реализира широка акција, изјави Тахири.

Тој им порача на студентите дека не треба да се разочаруваат од изјави за легализација на марихуаната туку да се предводат единствено од законот.

Пред два дена познатиот албански бизнисмен и еден од највлијателните пратеници на владеачката Социјалистичка партија, Кочо Кокдима, се заложи за легализација на производството на марихуна во Албанија.

Кокдима кој е и сопственик на еден од најтиражните весници во Албанија „Шекули“ уште додаде дека веќе имал контакти со одредени американски компании, кои покажале заинтересираност за откуп на марихуаната

 

 

Оцени ја веста

07.04.2015 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега