Внимавајте: Температурните шокови опасни по здравјето

Хронично болните на удар на драстичните температурни разлики. Викендов скопската Брза помош имала по околу 100 интервенции дневно. Најчесто лекарска помош барале граѓани со кардиоваскуларни проблеми.

-Викендов во просек имавме по 100 интервенции дневно. Најчесто станува збор за интервенции кај граѓани со кардиоваскуларни проблеми. Имаме и по 3-4 мозочни удари дневно што е вообичаено за овој период и не е алармантна бројка, изјави д-р Анита Димоска, раководител на Службата за Итна медицинска помош за Здравство24.мк.

По најавите за нов темературен шок од среда со затоплување на времето, лекарите апелираат хроничните пациенти редовно да ја земаат терапијата и да се консултираат со матичните.

-Може да се јават и за совет на телефонот 194, доколку состојбата е сериозна ние веднаш ќе интервенираме, а лекарски совет може да добијат и на линијата на  “Ало докторе”, додаде д-р Димоска.

 

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега