Одлични вести за македонските студенти

Универзитетот за информатичка технологија и менаџмент во Жешов, Полска, обезбедува стипендии за  додипломски студии за македонски државјани во 2015/2016, кои покриваат цел износ на школарината или 50 отсто. Студиите се на англиски јазик, траат три години, а  постдипломските две години.

На додипломски студии на англиски јазик кандидатите имаат можност за: Авијациски менаџмент (под покровителство на германската компанија Луфтханза); Информатичка технологија; Финансиски менаџмент; Финасиско сметководство; Интернационален менаџмент; Физиотерапија.

Кандидатите кои ќе конкурираат за додипломски студии треба да се државјани на РМ, да имаат завршено четиригодишно средно образование, одлично да го познаваат англискиот јазик, со доказ за положен сертификат (TOEFL, IELTS или др.) освен ако наставата во средно била на англиски. 

Пријавата за упис до 31 јули 2015 може да се најде на линкот: http://kandydaci.wsiz.rzeszow.pl/mk/lang.html. Тестирањето за општо знаење ќе биде во просториите на македонското претставништво на УИТМ во Скопје на 5 август 2015, а два дена подоцна ќе бидат објавени резултатите за видот т.е. висината на стипендијата.

По објавата на добитниците на целосните и на делумните стипендии, тие ќе треба да ги комплетираат потребните документи за упис. Кандидатите ќе ги избира комисија на УИТМ според нивниот правилник и од постигнатиот успех на тестот по општо знаење и во средното образование и матурата.

За повеќе информации може да се контактира на електронската адреса[email protected] и на тел: 02 3125 500, лице за контакт во македонското претставништво на УИТМ во Скопје е Сандра Бојковска.

УИТМ во Жешов има три кампуси и студенти од 23 земји од светот. Триесет  отсто од студентите  се целосно или делумно стипендирани од самиот универзитет. 

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега