Во новата индустриска зона во Виница ќе се вработат 400 лица

Гордост на Виница е новата индустриска зона со комплетна инфраструктура во која досега се продадени 11 парцели, од кои на 7 веќе се градат стопански капацитети и во наредните години ќе се вработат околу 400 луѓе. Ова го истакна градоначалникот Емил Дончев, на вчерашната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Виница, кој даде отчет за сработеното во општината во изминатата година.

-Оваа инвестиција локалната самоуправа ја чинеше 600 илјади евра, при што општината е подготвена за прширување на оваа индустриска зона годинава да вложи дополнителни 200 илјади евра, рече Дончев.

Прецизира дека е изградена атмосферска канализација, 4.700 метри водоводна мрежа, реконструкција на водоводот во село Блатец, а во реконструкција на детските градинки во селата Истибање и Лески се инвестирани 150 илјади евра.

-За комунална инфраструктура во неколку населени места во Виница се инвестирани 100 илјади евра, а во село Истибање е изграден и дневен центар за стари лица, потенцира Дончев.

Првиот човек на Виница потенцираше дека во моментов се во тек повеќе проекти.

-Продолжува изградбата на реконструкција на водоводна и канализациона мрежа во повеќе населени места. Се гради технолошко- индустриска развојна зона, а во јуни ќе отпочне и уредувањто на влезот во Виница, подвлече Дончев.

Најави и дека продолжува уредувањето на забавниот парк Виниленд.

-Во градот во моментов се градат повеќе домашни и странски стопански капацитети, се гради Трговски центар, а веќе следната година отпочнува изградбата на затворениот пазар. Со овие проекти ќе реализираме скоро 90 проценти од ветената Програма 2013/2017 година, но имаме и голем број проекти кои се надвор од програмата, кои веќе се реализирани и проекти кои ќе ги реализираме во наредниот период, додаде градоначалникот на Виница.

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега