Ципрас: Грција има долгогодишни односи со Русија

Грција има долгогодишни врски со Русија и јас сум тука, за да се подобрат тие односи, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас на почетокот на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Москва. 

Ципрас наведе дека ќе се потруди да се подобри економската соработка, инвестициите и трговските односи меѓу Грција и Русија, пренесува БТА.

Официјални претставници на Атина изјавија дека Грција не побарала финансиска помош од Русија и оти сака проблемите со долговите да ги реши во рамките на еврозоната.

Рускиот министер за финансии Антон Силуанов вчера изјави дека Грција не побарала заем од руската Влада.

Путин посочи  дека двете земји треба да изнајдат начин за подобрување на меѓусебните односи, пред се за зголемување на стоковата размена. Минатата година стоковата размена меѓу Русија и Грција се намалила за 40 проценти.  

Рускиот министер за економски развој Алексеј Улјукаев наведе дека подготвени се низа предлози за евентуално ослабнување на ембаргото на увоз на храна од Грција

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега