Јахјага: Албанците ги обединува Европа

Косовската претседателка,Атифете Јахјага,обединувањето на Албанците го гледа единствено  во Европската унија.

Според неа влезот во ЕУ подразбира обединување не само меѓу Албанците туку и сите народи на Балканот,кои се стремат кон европската интеграција.

-Интегрирањето во ЕУ ќе го означи и обединувањето со идеата и душата на политичката и економската слобода,рамноправност и соработка меѓу сите народи , вклучувајкќи го и народот на Косово,како нераскинлив дел, -изјавила Јахјага за „Данас“.

Таа искажала убеденост дека ЕУ не е целосна без членството на сите земји од регионот на Балканот, вклучувајќи го и Косово.

-Денеска живееме во време на интеграција и поради тоа европските  интеграции се цели и алтернативи на сите балкански земји.Косово е независна и суверена  држава и како и секоја друга држава во регионот цели кон европска интеграција и работи во исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ,-нагласила Јахјага

 

 

Оцени ја веста

12.04.2015 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега