Како да им кажам на децата дека маж ми е геј- исповед на една Србинка

-Кога сте во брачна заедница секогаш има потешкотии и сите сме свесни за тоа кога го велиме судбоносното да. Меѓутоа, никој од нас не сака да биде измамен. Тоа е такво понижување, шок и предавство, вака ја започнала својата приказна, Србинката Светлана М. за Телеграф.рс која пред неполни два месеци дознала дека нејзиниот сопруг ја изневерил со колега.

Всушност, како што раскажала, нејзиниот сопруг Марко М. го носел неговиот љубовник во семејниот дом и го претставувал како колега со кого заедно работел.
-Им готвев ручеци, односно се дружевме со месеци. Дечкото ми беше многу симпатичен и пријатен. Дури и сакав да го спојам со мој другар кој исто така е хомосексуалец, но ми делуваше незаинтересиран па не сакав да го форсирам. Никогаш не можев да претпоставам дека вакво нешто ќе ми се случи. Животот ми се распадна, признала Светлана при тоа додавајќи дека нејзините деца кои се на факултет знаат дека нивните родители се разведуваат, но не ја знаат вистинската причина. 

-Не сакам да ја знаат вистинската причина. Не сакам да знаат што направи нивниот татко. Ќе го отсакаат а тој секогаш беше добар татко. Тоа што мене ми го уништи животот не значи дека треба истото да се случи и со нашите деца. Одвратно! Се ова е одвратно. Не можам да си дојдам на себе. Доколку Марко сака да ми ја каже причината, нека ми се јави. Јас ќе го сослушам, додала таа. 

Моментот на вистината

-Марко почна да доаѓа дома доцна. Секогаш беше дотеран, намирисан и весел. А излегувањата стануваа се почести. Најпрвин два пати неделно, па потоа три пати па пет пати...и така со месеци. Природата на неговата работа беше таква да тој често одеше на состаноци, па јас бев присилена да се навикнам на ваквата динамика. Меѓутоа, интуицијата на жената никогаш не лаже. Знаев дека нешто не е во ред. Само никогаш не можев да претпоставам дека е геј. Мислев дека е во криза и дека ме изневерува со некоја млада девојка. Иако секогаш имав огромна доверба во него сепак нешто ме тераше да проверам. Па така, кога влезе да се тушира му го земав телефонот и имав што да видам, признала Светлана.

Впрочем, таа во мобилниот телефон на својот сопруг нашла околу 30 фотографии од нивниот заеднички пријател, и тоа гол во различни пози. 

-На повеќето од фотографиите, колегата на мојот сопруг беше гол, т.е беше сликан неговиот полов орган со порака "за тебе". Но имаше и фотографија од мојот сопруг, и тоа гол. Не можев да се мрднам. Кој знае колку траела нивната афера, и тоа пред мои очи, вели Србинката, при тоа додавајќи дека веднаш потоа го проверила и неговиот Вибер каде исто нашла пораки. Сите пораки биле љубовни, меѓу кои имало и пораки како "Сакам да лежам покрај тебе, а не покрај неа".

-Марко ме фати со мобилниот во рака. Ме праша зошто му го проверувам телефонот но јас не можев да му одговорам. Од изразот на моето лице знаеше дека е откриен. Го прашав само дали е заљубен и колку време ме прави будала. Ми одговори дека е заљубен и дека го обожава. Исто така ми призна дека го чекал вистинскиот момент за да ми ја соопшти вистината но дека не знаел како. Го прашав во солзи што ќе правиме со децата и дали некогаш размислувал на нив додека водел двоен живот. Ми призна дека отсекогаш го привлекувале мажи, но дека не сакал да истражува. Плачеше како мало дете. Ми рече "Прости ми, Те молам прости ми", открила Светлана која и додала дека неколку часа подоцна добила телефонски повик и од колегата (Горан П.) кој и се извинил и кој и кажал дека никогаш не сакал да ни го растури семејството. 

-Но, кога ќе размислам подобро, тој не е виновен за ништо. Животот ми го уништи Марко кој не сакал да си признае сам на себе што е и што всушност сака во животот. Каков е тој маж кој цели 25 години спиел до мене а мислел на мажи. Каков пример од татко е? Одвратно, додала за крај Светлана.

Извор: Вечер.мк

 

 

Оцени ја веста

13.04.2015 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега