Тинејџерка запознала странец на Фејсбук, па исчезнала

Во текот на вчерашниот ден исчезнала млада жителка на Брчко, ученичка на Средното земјоделско училиште, шеснаесетгодишната Елмедина Михмиќ. Нејзината мајка апелира до сите граѓани да јават ако знаат било што за неа.

- Ве молам само уште едно, молете се мојата Елма да ми се врати жива и здрава, наведува мајката, која се заблагодари на сите кои учествуваат во потрагата.

Како што пишуваат босанските медиуми, тинејџерката запознала непознат маж на Фејсбук и постои можност со него да отишла во непознат правец. Мајката стравува од најлошото, посебно после ужасните случаи во Србија кои се случија минатата година, кога две девојчиња смртно настрадаа.

Иако многу граѓани се јавиле, Елмедина сеуште не е пронајдена.

 

 

 

 

Оцени ја веста

16.04.2015 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега